Интензивно се работи на повеќе инфраструктурни проекти

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска обиколи неколку локации на кои се реализираат инфраструктурни проекти, за лично да се увери дали се почитува договорената динамика и квалитетот  на изведбените работи.

Беа посетени  локациите во Пештани, во населбата Рача, во селото Велгошти и во Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“.