Се санираат ударните дупки на повеќе улици во Велгошти

Со подобрувањето на временските прилики започна и санирањето на ударните дупки. Денеска се санираа ударните дупки на повеќе улици во селото Велгошти.

Според однапред утврдена динамика  на Секторот за комунален развој и сообраќај, крпење на ударни дупки ќе се врши  на повеќе улици во градот и приградските населени места.