НВО коалицијата на Египќаните со апел – Египќаните масовно да излезат на избори

НВО Коалицијата на Египќаните во Македонија, апелира до припадниците на етничката заедница на Египќаните во Република Македонија, масовно да излезат на престојните ретседателски и предвремени парламентарни избори.

„Избирачкото право, спага во корпусот на основните човекови права и слободи, и секој  граганин  на Р.Македонија, кој има право на глас, согласно  позитивните прописи, треба да го искористи. Особено ова право, има голема тежина кај припадниците  на помалите  етникуми,  како што се припадниците  на етничката заедница Египќќани во Р.Македонија, бидејки на тој начин, ке ја демонстрираат својата лојалност кон  државата, чии државјани и се, но истовремено ќе бидат и индирекни креатори  на политиките и одлуките, кои се во интерес на развојот на државата во сите нејзини сегменти“,- вели Демир Далип, овластен преставник на Египќаните за надворешна соработка.

Далип вели дека Египќаните не треба да ги обесхрабри  фактот што нема ниту 1 етнички Египќанец, претендент за Претседател или пратеник, бидејки процесите за нивна институционална интеграција се во фаза на развој и од нив зависи со која динамика истите  ќе продолжат.

WebOhrid