Meѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ,  8 април (вторник), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Македонија. 

 Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската  заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.