Младински Совет Охрид, по повод денот на здравјето, 7-ми април ја започна едукативната кампања за ЗДРАВА ИСХРАНА.
Со делење на едукативни брошури по охридската чаршија, кафетериите, бутиците, продавниците, банките и другите институции, но и низ градскиот пазар, волонтерите на МСО ги едуцираа граѓаните за значењето на здравата и правилна исхрана.
Во текот на денот, вакви акции беа реализирани и во основните училишта, каде е предвидено, во периодот кој следува да се организираат интерактивни едукативни работилници, додека за претставниците на здруженијата еднодневни работилници.
Денот на здравјето, 7-ми април се одбележува секоја година, почнувајќи од 1950 година, како резултат на залагањата на Светската здравствена Организација да даде свој придонес кон грижата за здравјето на луѓето. Светската Здравствена Организација, во 1948 година на својата прва седница, го прогласи овој ден, како светски ден на здравјето.