Асанж: Сите игнорираат дека САД преку „Пет очи“ го анектираа целиот свет

Медиумите постојано пишуваат за состојбата на Кирм, а го игнорираат фактот дека разузнавачката алијанса „Пет очи“, главно САД, го анектира целиот свет преку нивното шпионирање, вели Асанж.

Тој посочи дека постои потреба за независна интернет-инфраструктура за земјите да си го задржат суверенитетот и да ѝ се спротивстават на американската контрола над поголем дел од комуникациите.

„До некој степен ова е прашање на националниот суверенитет. Вестите се преполни со разговори за тоа како Русија го анектира Крим, но реалноста е дека разузнавачката алијанса „Пет очи“, главно во САД, го анектира целиот свет, рече Асанж.

Тој исто така нагласи дека откритијата дека САД и британската ГЦХКју го анектираа нашиот нов интернет-свет предизвикаа пазарните сили да почнат да прават нешто околу тоа.

„Но тие исто така, во рамките на Европа, играат еден мошне интересен геополитички феномен, кој се состои во германското раководење на Европа и нејзиното покажување дека ја раководи Европа. Еден од начините да го покаже тоа е да покаже дека никој друг не ја контролира. Тука го имаме примерот на Ангела Меркел и германското општество како целина, кои полека се залагаат да покажат некој вид независност од САД“, додаде Асанж.

„И ние апсолутно треба да го грабнеме тој момент за да се обидеме да добиеме поголема независност за Европа од доминантниот военоразузнавачки систем во светот, алијансата САД-НАТО, која држи повеќе од 75 отсто од глобалните воени и разузнавачки трошоци“, вели тој.

Асанж ја истакна важноста на шифрирањето и новата легислатура за земјите што сакаат нивните доверливи информации да бидат пообезбедени.

Извор: Нет Прес