Во аврамските религии, Гаврил е архангел кој се смета дека служи како гласник на Бога и еден од големите Седум архангели кои претстојат пред престолот Божји. За прв пат се појавува во Книгата на пророкот Даниел во рамките на Хебрејската Библија. Некои го нарекуваат и отелотворение на Светиот Дух. Христијаните и муслиманите веруваат дека му ги прорекол раѓањата на Јован Крстител и Исус на Захарија и Дева Марија, а во Исламот пак, тој му го открил (дал) Куранот на пророкот Мухамед.
Во Библиските преданија понекогаш го среќаваме и како ангел на смртта или Божји гласник. Талмудот вели дека тој е единствениот ангел кој знае да зборува сириски и арамејски. Во Исламот Гаврил е еден од главните Божји гласници но другиве горенаведени титули не му се припишуваат (бидејќи, на пример, ангел на смртта е Азраил).
Во Католичкото Предание се смета за еден од архангелите. Во Исламот е главниот од четирите блажени ангели и духот на вистината, а според некои други (неисламски) гледишта, Гаврил и Светиот Дух се едно исто. Се споменува и во Бахаизмот, највеќе во мистичното дело Бахаула со наслов Седумте долини.
WebOhrid