Македонските претставници во кик бокс овој викенд традиционално учествуваа на престижниот меѓународен кик бокс куп „Бихаќ опен“ во Бихаќ, Република Босна и Херцеговина. На самиот куп присутни беа 9 држави и 590 спортисти.
Овој куп се оддржа по 15 пат, а Македонската репрезентација во кик бокс освои 13 медали и 2 место за држава учесник со вкупно освоени медали.
Младите претставници ја воодушевија присутнта публика во салата „Луке“ во Бихаќ со техника и спортско однесување на рингот и на татамите.
Златни медали
1.Милан Кубин -89кг
2.Бобан Илиевски -71кг
3.Ружди Реџепи -75кг
4. Марија Костовска – 65кг
Сребрени медали
1. Александар Николовски -86кг
2.Пандил Пандиловски -71кг
3.Роберт Костовски -57 кг
Бронзени медали
1.Слаѓан Димиќ -57кг
2. Марио Додевски – 67кг
3.Виктор Ѓорѓиевски -91кг
4.Михајло Костадиновски -75кг ( во 2 дисциплини )
5.Емир Ибраими -63кг
Македонија го освои и 2 место и доби заслужен пехар за држава по број на освоени медали веднаш после Унгарија.
На претседателот на Кик Боксинг Федерацијата на Македонија Александра Неделковска и беше доделена плакета за континуитет во настапи од 15 години на нашата држава.
Стручниот тим кој го предводеше претседателот на КБФМ Александра Неделковска е во целост задоволен од настапот на Македонските кик боксери.