Охридските гимназијалци освоија повеќе државни награди по математика

На Државниот натпревар по математика што се одржа во Скопје,учениците од ОСУ „ Св. Климент Охридски“ освоија повеќе награди.Прва награда освои ученичката од трета година Теодора Бујароска, под менторство на Валентин Чачор, трета награда освои Поликсена Тунтева ученичка во прва година, под менторство на Добрила Каланоска, а пофалници добија Ива Томевска, Климентина Коваческа, Милан Крстевски, Мартина Трифуноска, Милјана Шулајкоска и  Виктор Домазетоски.