Шведската служба за безбедност ја предупреди војската на опасност од руска агресија, поради што Министерството за одбрана побара зголемување на буџетските средства за зајакнување на против воздушната одбрана и морнарицата.
Русија се подготвува за војна и тоа не загрижува,“ изјави шефот на шведската контраразузнавачка служба Вилхелм Унге за најстариот весник во земјата „Svenska dagbladet“ а пренесуваат руските медиуми.
Според зборовите на Унге, постојат податоци на тоа дека руските служби се обиделе да ги инфилтрираат шведските граѓани во шпијунажа како и дека имало обид руските известувачи да се инфилтрираат во објекти на територијата на скандинавските земји.
Шефот на шведската контраизвестувачка служба наведе дека маневрата на руските ловци на границата со Шведска и нападите на руските хакери на ИТ системите во неговата земја, исто така оди во прилог на сомнежите дека Москва се подготвува за војна.
Министерството за одбрана на Шведсла соопшти дека сериозно се доживуваат информациите со кои располага контраизвестувачката служба, поради што се планира забрзување на реформата на војската.
Министерката за одбрана Карин Енстрем оцени дека поради опасност од регионален судир со Русија, реформите во одбраната треба да се направат што побрзо.Тоа, според нејзините зборови подразбира набавка на нови против воздушни системи, авиони и подморница, поради што побара повеќе пари од владиниот буџет.
Како одговор на руските мартовски амневри во Балтичкото море, Шведска префрли дел од воздушната флота на островот Готланд.Руските официјални извори наведуваат дека маневрите на Балтикот се одржани во рамките на вежбање на методи за сопирање на пиратите и дека во нив учествуваат повеќе од 150 илјади луѓе, 90 авиони, 120 хеликоптери, 880 тенкови, околу 80 бродови и 1200 возила и техники.
Шведска е неутрална држава, членка е на ЕУ, но не и на НАТО а официјачно воено неутралниот статус го имаше во двете светски војни.
Извор: Нет Прес