Делегација на општина Кидричево од Словенија во посета на општина Охрид

Делегација на Општина Кидричево од Словенија, денеска беше во посета на Општина Охрид, при што имаше средба со заменик- градоначалникот Ангел Јанев. Пред бројната општинска и стопанска делегација од Кидричево, заменик- градоначалникот Ангел Јанев рече дека оваа посета ја смета за почеток на идната соработка на двете општини.

„Отворени и бројни се можностите за  соработка во областа на лесната и еколошки одржлива  индустрија, занаетчиството, културата, образованието и особено во секторот на туризмот. Во Република Македонија и во Охрид има поволни услови за инвестирање кои можат да ги искористат и Вашите компании, сами или заедно со нивните партнери од земјите членки на ЕУ-“ истакна Јанев.
Janev_slovenci_Kidricevo_4852
Претставничката на Општина Кидричево, Зденка Франк , се заблагодари на Секторот за туризам и локален економски развој, кој ја организираше средбата и нагласи дека  добро е што  на неа учествуваат и претставници на бизнис секторот. По презентацијата на филмот за Охрид беа одржани повеќе директни средби меѓу охридските и бизнисмените од Словенија.