Распоред на богослужби за страсната седмица и Велигденските празници

Распоред на богослужби за страсната седмица и велигденските празници:

13.04.2014 – ЦВЕТНИЦИ

ВЕЧЕРТА: Бдение со „Последование на женихот“, едноцрквие во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, со почеток во 17 часот.

14.04.2014 – ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК 

НАУТРО: Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, со почеток во 7 часот.

ВЕЧЕРТА: Бдение со „Последование на женихот“, едноцрквие во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, со почеток во 17 часот.

15.04.2014 – ВЕЛИКИ ВТОРНИК

НАУТРО: Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, со почеток во 7 часот.

ВЕЧЕРТА Бдение со „Последование на женихот“, едноцрквие во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, со по~еток во 17 часот.

16.04.2014 – ВЕЛИКА СРЕДА

НАУТРО: Часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, со почеток во 7 часот.

ВЕЧЕРТА: Мало повечерие со канон во сите цркви во Охрид, со почеток во 17 часот

17.04.2014 – ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК

НАУТРО: Утрена со Василиева Архиерејска литургија со општ маслосвет, во црквата „Св. Богородица – Перивлепта“, со почеток во 7 часот.

Богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.

ВЕЧЕРТА: Бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви, со почеток во 18,30 часот.

 18.04.2014 – ВЕЛИКИ ПЕТОК

НАУТРО: Царски часови со Вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7 часот.

Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско.

ВЕЧЕРТА: „Оплакувањето и опело на Христа“, почеток во 19 часот.

Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Ѓорѓија“ – Охрид.

19.04.2014 – ВЕЛИКА САБОТА 

НАУТРО: Вечерна со Василиева Литургија во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 8.30 часот.

ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО

Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23.30 часот.

Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 23.30 часот.

20.04.2014 – НАУТРО: Втора литургија во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, и „Св.Св. Ѓорѓија “ со почеток во 8.00 часот.

20.04.2014 – ВЕЛИГДЕН

Вечерна Архиерејска богослужба, едноцрквие во црквата „Св. Софија“ – Охрид, со почеток во 17 часот.

Второ Воскресение со читање на Светото Евангелие на повеќе странски јазици, и делење на велигденски јајца.

21.04.2014 – ВТОР ДЕН ВЕЛИГДЕН – (ПОНЕДЕЛНИК)

Утрена со Златоустова литургија во сите цркви, со почеток во 8.30 ч. Архиерејска литургија во црквата „Св. Ѓорѓи“ – Струга

22.04.2014 – ТРЕТ ДЕН ВЕЛИГДЕН (ВТОРНИК)

Утрена со Златоустова литургија, во сите цркви, со почеток во 8.30 часот.

За Варош, во црквата „Св. врачи Козма и Дамјан“ – Охрид.

24.04.2014 – СВЕТЛИ ЧЕТВРТОК

Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован Богослов“ – Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот

25.04.2014 – ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА

Архиерејска литургија во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.

27.04.2014  – ТОМИНА НЕДЕЛА

Архиерејска литургија во црквата „Св. Никола“ – Долна Маала – Охрид, со почеток во 9.00 часот.