Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2014 година изнесува 27 278, а бројот на ноќевањата изнесува 60 619.
Бројот на туристите во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, е зголемен за 6.6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.9%.
Бројот на домашните туристи во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, е зголемен за 10.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 4.1%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, е зголемен за 3.6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4.2%.
Во периодот јануари- февруари 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 1.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.6%, а кај странските има зголемување за 1.9%.
Во периодот јануари- февруари 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 0.3% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2.1%, а кај странските има зголемување за 2.6%.