На денешните избори за претседател на земјава, гласањето почна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Оваа година за првпат, наместо со спреј избирачите ќе бидат обележувани со маркер на подноктицата и ноктот од палецот. Отпечатокот ќе има трајност најмалку 24 часа по нанесувањето и нема да може да се избрише со алкохол, ацетон, хидроген или други средства за бришење.
Според утврдените правила од Државната изорна комисија, пред лицето да гласа, членовите на избирачкиот одбор треба да проверат дали има видлива трага од маркерна десниот палец. Потоа се проверува дали го има на избирачкиот список и неговите документи за лична идентификација.
Избирачот кој нема да се согласи да биде обележан со маркер, нема да му биде дозволено да гласа.
Извор: Нет Прес