Точно во 19,00 часот се затворени сите избирачки места со што заврши процесот на гласање и практично отпочна последната фаза од планот за обезбедување на изборниот процес односно обезбедување на избирачкиот материјал при доставување до општинските изборни комисии а подоцна и до Државната изборна комисија.
Според досегашните информации избирачкиот процес мина без никакви сериозни нарушувања и инциденти по однос на јавниот ред и мир и непречено одржување на гласањето. Полицијата во текот на изборниот ден генерално доби најмал број поплаки и барања за интервенција. Овие избори споредбено со претходните избирачки циклуси врз основа на евидентираните или пријавени неправилности од аспект на надлежностите на МВР се убедливо најмирните досега. Според сите согледувања на Оперативниот штаб при МВР кој во континуитет ги следеше состојбите на теренот, избирачкиот ден, се одвиваше во мирна, фер и демократска атмосфера.