Утре ќе биде отворена изложбата „Коњи на слободна Европа“

Во Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид,  утре(петок) ќе биде отворена ИЗЛОЖБА на фотографии
„КОЊИ НА СЛОБОДНА ЕВРОПА” од Европска куќа од Каен, Франција, а со Автори од Долна Нормандија, Полска и Р. Македонија.

Изложбата ќе биде отворена со почеток во 19.00 часот, во Изложбен салон на Центарот за култура „Григор Прличев“.