Црвен крст Охрид организира предвелигденски концерт на младите таленти кои ја посетуваа едукативната Бреинобреин програма во Бреинобреин-Црвен крст Охрид-Центарот за развој на животни вештини.
Покрај своите музички вештини и способности, 40 деца на возраст од 4-14 години ќе ги презентираат и техниките и вештини стекнати со Бреинобреин програмата, а кои ја потенцираат фотографската меморија, нумеричките и вербални способности, мултитаскингот.
Овој атрактивен и интересен настан ќе се реализира денес (понеделник) во просториите на Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид, со почеток во 20 ч.