Учениците Даниел Здравески ( втора година) и Леонид Стојаноски (трета година) од ОУТУ „ Ванчо Питошески“ , под менторство на професорот Блаже Јорданоски, освоија две бронзани медаљи на Меѓународниот гастрономски натпревар „ Бисер на морето“ , што од 9 до 13 април се одржа во Супетар, Република Хрватска.
На Меѓународниот гастрономски натпревар „ Бисер на морето“ , најзначајната гастрономска манифестација на Медитеранот, во конкуренција на готвачи од целиот свет, охридските ученици приготвуваа главно јадење од сина риба.