Се асфалтираат повеќе улици во градот

Остварувањето на проектите од ветената програмата е во врвот на приоритетите на градоначалникот Никола Бакрачески. Па зато денес градоначалникот Бакрачески заедно со дел од најблиските соработници, изврши обиколка на улиците на кои се вршат инфраструктурни зафати. Градежни активности се одвиваа на повеќе улици низ градот меѓу кои се улиците „Ѓорче Петорв“ и „Железничка“.

Улицата „Ѓорче Петорв“ се асфалтира со површина од 260 м2.Потоа на улицата „Железничка“ се асфалтира крак од 400 м2.

Во населбата „Радојца Новичиќ“ се асфалтираат повеќе краци и тоа :  Прв крак со површина од 220 м2, Втор крак со површина од 410 м2,Трет крак со површина од 300 м2, Четврт крак со површина од 220 м2,Пети крак со површина од 460 м2, Шести крак со површина од 95 м2, Седми крак со површина од 590 м2, Осми крак со површина од 1100 м2, Или вкупно во населбата „Радојца Новичиќ“ се асфалтира со површина од  3 395 м2.

Ова е за првпат во Охрид да се работи според однапред предвидена програма и систематско решавање на проблемите на граѓаните. Овие инфраструктурни зафати се одвиваат на места кои години наназад биле запоставувани, а тоа покажува дека сите жители на Охрид се подеднакво важни за Локалната самоуправа и нивните проблеми се решаваат систематски. Ваквиот воспоставен начин на работа на новата Локална самоуправа продолжува и во иднина со несмален интензитет.