Во населбата 15ти Корпус се извршија повеќе инфраструктурни зафати

Градоначалникот Бакрачески ја посети и населбата 15ти Корпус, каде во тек се повеќе инфраструктурни зафати. На улицата „Ѓорги Сугаре“ се изврши поврзување на канализациона мрежа, а се реконструира и дел од водоводната мрежа. Потоа се пристапи кон асфалтирање на улицата.

15_Korpus_002_cr

Асфалтирањето се врши во две фази, во првата се  асфалтира крак со површина од 760м2, а во втората крак со површина од 700 м2 или вкупно ќе се асфалтира површина од 1 460 м2.

15_Korpus_001

Во наредниот период ќе се продолжи со несмалено темпо да се работи на подобрување на инфраструктурата, со цел градот подготвен да ја пречека престојната туристичка сезона.