Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ, во која стои:
„Политиката на СДСМ е јасно видлива а таа се води од деструктивност и манипулации. За тој принцип на СДСМ бевме сите очевидци во изминативе осум години во Охрид.
ВМРО-ДПМНЕ во здравството вложи над десет милиони евра и исто толку ќе вложи и понатаму и ќе се залага за што подобар здраствен тим на лекари кои ги обучува во странство и подобри здравствени услови, додека од друга страна СДСМ кон здравството вложи нула евра. Тоа е реалната состојба.
Не се така далечни времињата кога високите функционери на СДСМ говореа и држеа прес- конференции во Охрид дека болницата нема да се изгради.
Но денес сведоци сме дека Охрид има модерна и современа болница која преставува пример за регионот. Сите тие што тврдеа дека нема да се изгради Болницата во Охрид преку нивните лаги кои ги изнесоа денес ги нема нити во Собранието на Република Македонија нити во СДСМ.
Најдобар сведок за градењето на современата и модерната болницата е народот кој што живее во Охрид и регионот, а потсетуваме дека на политичката сцена активни се и Александар Николоски, Антонио Милошоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски. Луѓето кои што доследно ги одржаа своите ветувања.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.