ОО на СДСМ Охрид на сите верници од православна христијанска вероисповест им ги честита претстојните Велигденски празници и им посакува мирен и спокоен живот, добро здравје и неизмерна среќа.
„По тој повод, ја известуваме јавноста дека СДСМ Охрид, и покрај наметнатата изборна кампања за време на нашите најголеми верски празници, ќе се воздржи од организирање на јавни политички настапи за медиумите на Велики Петок и во Недела, на Велигден.Во миговите на чествувањето на најсветите и најдлабоките традиционални и духовни вредности, да им се восхитуваме на вистинските вредности и на вистинските луѓе околу нас, што им даваат смисла на нашите животи. Во овие свети и велики денови, нека нашите мисли бидат посветени на меѓусебната бескрајна почит и разбирање, на споделувањето на среќата и радоста со најблиските и на љубовта и грижата кон најблиските и најсаканите. Нека ни се за многу години Велигденските празници. Христос воскресе! “– стои во честитката на ОО на СДСМ Охрид.