Заменик- градоначалникот Ангел Јанев и претседателот на Здружението на пензионерите од општините Охрид и Дебарца, денеска потпишаа Меморандум за соработка. Со овој документ се утврдува рамката во која се остварува соработката меѓу потписниците, за планирање, организирање и спроведување на активностите.
„Во името на градоначалникот Никола Бакрачески и во мое име Ве уверувам дека Локалната самоуправа и Владата, особено внимание посветуваат на пензионерите и дека тоа го покажаа со реализирање на повеќе проекти. Така ќе биде и во иднина, а Меморандумот што го потпишавме ќе биде основа за продлабочување на заедничката соработка“, – рече заменик-градоначалникот Ангел Јанев.
Претседателот на Здружеието на пензионери од општините Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески, истакна дека со потпишувањето на Меморандумот за соработка прецизно се дефинираат проектите со кои ќе се подобри економскиот и социјалниот статус на оваа категорија граѓани. Во документот се наведени проектите за изградба на дом за стари лица, бесплатен автобуски превоз, воведување медицинска патронажна служба, учество во проектот „Доживотно учење“, отворање на клубови за дневен престој за пензионери и други иницијативи.