Градоначалникот Бакрачески заедно со своите сограѓани го дочека Велигден

Христовото воскресение- Велигден , градоначалникот  Никола Бакрачески  го дочека во храмот „Св. Богородица –Каменско“.

Заедно со бројни христијани, охриѓани но и гости од земјава и странство, градоначалникот Бакрачески  ги проследи сите  традиционални- црковни обичаи, посакувајќи им  на сите  верници  да ги  води добра мисла и искрена верба во Бога кои се основата за градење на заедничка среќна иднина и напредок на секој план.
gradonacalnik_veligden_400_2
Градоначалникот Бакрачески им  го честиташе најголемиот христијански празник на присутните  верници посочувајќи  дека  овој ден  е темелот на нашата вера.Велигден е празник на човечноста и на солидарноста, празник кој  носи порака за единство, мир и разбирање.
gradonacalnik_veligden_400_3
Нека е за многу години овој голем христијански празник. Христос Воскресе- Навистина Воскресе !