На 19.04.2014 година околу 10,30 часот на патот Ресен-с.Куратица, ПМВ„Мецедес“ со охридски регистерски ознаки, управувано од Л.Х.(1983) од Охрид, се движел пред автобус на „Галеб Охрид“, управуван од З.К.(1985) од с.Белчишта-Охрид, при што Л.Х. застанал кај с.Косел со цел автобусот да го помине, но З.К. по пристигнувањето на автобуската станица во Охрид влегол во сопственото ПМВ„БМВ“, и го пречекал Л.Х. кај кружниот тек во Охрид, излегол и со шипка удрил ПМВ„Мерцедес“ по задната хауба при што ја оштетил хаубата.СВР-Охрид презема мерки за расчистување на настанот.