СВР-Скопје-ОИД до надлежното ОЈО со кривична пријава го предаде лицето Р.Ш. (23) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил едно кривично дело –“тешка кражба“ во куќа за што од страна на судија во претходна постапка на истиот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Кривичното дело пријавениот го извршил на 31 јануари годинава на подрачје на ПС ОН Ѓорче Петров во вечерните часови на тој начин што преку незаклучената порта, дошол до задниот дел од куќата, се качил на оградениот ѕид од дворот потоа се прекачил на мини кровот од куќата и со употреба на погоден предмет го скршил стаклото од прозорецот на купатилото, го отворил и преку истиот влегол во куќата.
По направеното пребарување и претурање од куќата одзел еден лап- топ компјутер, една ташна-куфер во која имало 10.000 евра, разен златен накит од жолто и бело злато, кутии со накит од Сваровски, куферче со слики, машки рачни часовници разни марки, ловна пушка марка „Лион X35 Азур, еден ловен карабин марка „CXP970“, еден пиштол марка „Берета„ 9мм и еден пиштол марка „Црвена застава„ кал.7.62 кои оштетениот ги поседувал со дозвола. По извршувањето на кривичното дело Р.Ш. преку прозорот од приземјето го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.845.000 денари.
Од страна на УПС од ПС „Ѓорче Петров“ во непосредна близина на куќата пронајдени се дел од украдените предмети (фантомка црна боја во која имало кутии за накит и дел од украдениот накит, еден машки каиш, пет машки рачни часовници), додека од страна на малолетно лице на наведениот датум додека се движел пеш накај село Кондово во близина на пругата пронашол и еден лап топ марка „Ацер“ за кој веднаш го известил неговиот татко кој откако го приклучиле и пронашле фотографии од оштетениот, истиот му го вратиле. По извршеното препознавање на пронајдените предмети од страна на оштетените истите со потврда за вратени се вратени на сопственикот.
Врз основа на издадена наредба од судија на предходна постапка извршен е претрес во дом и други простории кај пријавениот Р.Ш. при што од извршениот претрес пронајдени се разни марки на рачни часовници и пари за кои дополнително ке се вршат проверки дали истите потекнуват од други кривични дела. Од страна на ПС од ОИД извршен е разговор со пријавениот и истиот го негирал извршување на кривичното дело и не сакал да појасни каде се однесени украдените предмети. Инаку Р.Ш. е регистриран сторител на кривични дела и на истиот му се поднесени три кривични пријави две од областа на имотните деликти и едно од областа на кривични дела против јавниот ред.