Робески: Дел од нашата програма е посветен на децата, младата популација и понежниот пол

Пет екипи денеска се на средби со граѓани. Носителот на листа во ИЕ5, Љупчо Настоски денес е во посета на Дебар и Центар Жупа, каде ќе презентира дел од програмата на ГРОМ, а другите екипи се на терен во Охрид и во Струга, информира на денешната прес средба, портпаролот на ГРОМ-Охрид и кандидат за пратеник на коалицијата ГРОМ во ИЕ5, Сашо Робески.

Дел од програмата што ќе се презентира на граѓаните, рече Робески е посветен на децата, младата популација и понежниот пол.

„Еве какви решенија ГРОМ нуди во поглед на нив:

ЗА ЖЕНИТЕ И МАЈКИ

1) Доделување три години пензиски стаж на жените-мајки за секое родено дете

2) Жените можат доброволно да одат во пензија на 55 години старост

3) за секој млад кадар до 29 години што ќе се врати и  вработи во Македонија 30 % субвенција на плата за период од 2 години

ЗА МЛАДИТЕ – 35 проекти директно ќе ги реализираат младите

1) 20 % субвенција на плата за период од 3 години за секој вработен млад високо образовен кадар

2) 40.000 работни места за младите

3) 15.000 денари најниска плата за секој вработен

УЧЕНИЦИ 

1) Намалување на обемот на наставните програми и учебниците за 30%

2) Укинување на екстерно оценување како алатка за дисциплинирање на учесниците во образовниот процес 

3) Намалување на број на ученици во паралелка на 24

4) Набавка на наставни средства за унапредување на практична настава 

5) Матурантите од средните училишта сведителствата и дипломите за завршено средно образование да ги добиваат најдоцна до 25 јуни. Уписот на новите студенти на универзитетите во Република Македонија да завршува најдоцна до 5 јули, а новата академска година да почнува на 1 октомври.

ДЕЦА 

1) бесплатно здравствено осигурување за деца до 14 години

2) Бесплатни ужинки и предвидени екскурзии за основниците “– истакна Робески.

WebOhrid