Во врска со денешната прес конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Во реакцијата стои:
„Очигледно изборната кампања на СДСМ преку нивните пресови веќе добива КОМИЧНИ РАЗМЕРИ. Тоа многу јасно се докажа денес со нивниот прес кој очигледно не го разбира ни онај што го чита, а уште помалку тој што го напишал, а во целост наликува на Stand up комедија.
Во пресот во кој несврзано се опфатени тематики од надворешната политика преку меѓуетничките односи до политичко преставување, она што можевме да го сфатиме е дека очигледно на „патриотите“ од СДСМ им пречи што ги повикуваме на граѓаните своите годишни одмори да ги поминуваат во Охрид наместо кај нашиот јужен сосед.
Во понатамошниот тек на политичката кампања со оглед на комичниот пристап на СДСМ очекуваме да го обвинат ВМРО ДПМНЕ за низа комични и небулозни твдрдења од типот за појавата на генетски модифицирана храна и за бесконечноста на вселенета .
Денешниот прес на ОО СДСМ Охрид уште еднаш ја потврди нивната погубна политика. Очигледен е фактот за нивниот катастрофален пораз на наредните претседателски и парламентарни избори од страна на ВМРО ДПМНЕ. На овој голем верски празничен ден ВМРО ДПМНЕ најмалку ќе се занимава со недоискажани и непрофесионални пресови, со текстови кои немаат никако политичко значење.
ВМРО ДПМНЕ е политичка партија која на граѓаните во целост им презентира отчетност и транспарентност и пред се Програма со над 2046 проекти кои ќе се реализираат. Има разлика помеѓу празни зборови и реализирани проекти.
Затоа уште еднаш ги повикуваме граѓаните на 27 април да излезат на гласање и уште еднаш да ја дадат својата поддршка за ВМРО ДПМНЕ.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.