По повод најголемиот христијански празник Велигден, ЈП „Градски Пазар“ и општина Охрид спроведоа хуманитарна акција. Во акцијата која беше во координација со ОО Црвен крст беа доделени 23 пакети со прехрамбени производи.
„Празникот е за сите. Се надевaм дека колку толку допринесовме и овие семејства на кои им подаривме пакети да го почуствуваат празникот. Секако огромна благодарност и до донаторите кои веднаш се одзваа на нашата покана да помогнат во подготовката на пакетите, а тоа се АД Жито леб, Тим компани како и АБВ Дизајн Охрид“-, истакна директорот на ЈП „Градски Пазар“ Тони Коталески.