ОУ „Христо Узунов“ го чествува патрониот празник на училиштето

Денес ОУ „Христо Узунов“ го одбележа денот на својот Патрон Христо Узунов со полагање цвеќе на бистата на Узунов во училишниот двор, со пригодна реч и со доделување на награди на наградените на ликовниот и литературниот конкурс на училиштето.

Покрај делегацијата на училиштето цвеќе на битката на револуционерот Христо Узунов положија и преставниците на Комисијата за одбележување на празници и манифестации при Советот на Општина Охрид.

По речтта за Узунов беа доделени награди за творбите од литературниот и ликовниот конкурс по што Директорот на училиштето Тони Симоноски се обрати на присутните ученици, наставниот кадар и гости 

Одбележувањето продолжува со Изложба вечерва во 18:30 часот и Свечена Академија  во 19 часот во Центарот за Култура „Григор Прличев“ и утре со полагање на цвеќе на бистата на Узунов на Плоштадот во 9 часот и одбележување кое ќе се случува на споменикот во с.Цер,Кичевско во 11 часот.

HristoPatronat02 HristoPatronat03