СВР Охрид организира турнир во мал фудбал

Во пресрет на 7 мај денот на македонската полиција, СВР Охрид организира турнир во мал фудбал. Оваа спортска манифестација е дел од повеќето планирани активности со кои СВР Охрид ќе го одбележи денот на полицијата.

Фудбалскиот турнир започнува утре во 16 часот во спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ каде по систем ќе се одигруваат по два натпревара дневно.

На фудбалскиот турнир учествуваат вкупно шест фудбалски екипи од разни служби во СВР Охрид. Финалните средби ќе се одиграат на денот на македонската полиција 7 мај.