Охрид, денеска, со повеќе манифестации ја одбележува 109 годишнината од смртта на корифејот на Македонската револуционерна борба, Христо Узунов.
Чествувањата започнаа со достоен историски час посветен на херојската погибија на Христо Узунов и неговата чета. На спомен обележјето на Христо Узунов се поклонаа и положија цвеќе делегациите на општина Охрид, Основното училиште кое го носи неговото име „Христо Узунов“, политичките партии, бројни здруженија на граѓани и поединци почитувачи на ликот и делото на Узунов.
Свеченоста продолжи во с. Цер – Кичевско, каде што се одржа панихида во чест на херојот. На паметникот на херојот се поклони и делегацијата на општина Охрид.