Костоски: Има голема разлика од владеењето на ВМРО-НП и владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

ОК на ВМРО – Народна партија денес одржа прес-конференција на која зборуваше носителот на пратеничката листа во 5-та изборна единица, Ванчо Костоски.

„Ние кажавме дека нажалост Владата на Република Македонија, некаде летото не дозволи кредит од 4 милиони евра, а дополнително и ги задолжи со милион и пол евра со судска забрана, на Општина Охрид, ние кажавме и тогаш и сега дека по тоа се гледа како Владата на Р.Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за Охрид. Ако на господата од ДПМНЕ не им е јасно и на Локалната самоуправа како ќе се раздолжиме, ние кажавме претходниот пат, дел преку грант, четирите милиони од Владата на Р.Македонија, а поголемиот дел со давање на државно неизградено земјиште. Меѓутоа во нивни стил ќе им го одговорам следново: Само една триумфална капија помалку да направевте која што нема апсолутно никаква вредност, историска за Р.Македонија, која што по наши пресметки кошта некаде околу 500 до 600 илјади евра, ја прикажавте како 4 и пол милиони евра, еве само по однос на таа разлика веќе ќе беше платен проектот МЕАП оние 4 милиони евра, што Општина Охрид ги должи на Владата на Р.Македонија.“ – истакна Костоски.

Костоски ги спомна трите жални врби за кои што кажа биле атракција наназад, кои што повеќе од 2 илјади евра до 3 илјади евра, не вределе, а биле прикажани како 250 илјади евра.

„Би се раздолжиле ако не направевте куршлуз во градбата на болницата овде во Охрид и 400 илјади евра отидоа во неповрат. Ние ќе почнеме и ќе го градиме автопатот Охрид-Кичево, меѓутоа не по цена од 5,5 милиони евра по километар должина, туку по една нормална цена согласно пределот од Охрид до Кичево, од некаде од 2,5 до 2,7 милиони евра по километар должина. По основ на тоа ќе се заштедат најмалку од 80 до 100 милиони евра.“– рече Костоски.

Костоски на прес средбата истакна дека имало голема разлика од владеењето на  ВМРО НП и од владеењето ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште еднаш ќе напоменам дека има голема разлика, ќе го употребам вашиот слоган, од владеењето на ВМРО-НП и владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Како класичен пример ќе го спомнам раководењето на еден од најголемите гиганти во Македонија и на Балканот, фабриката ЕМО. Некаде 2003 година кога нашите раководители го оставија ЕМО со следните податоци: немаше каснење на плати, платата беше 12 до 13 илјади денари во периодот од 2000 до 2002 година, генералниот директор на ЕМО, кога имаше над 1700 вработени, земаше околу 40 илјади денари плата, може и помалку. За денес по катастрофални услови на работење на ЕМО и со само 250 вработени кои што другите се избркани на разноразни начини, претпоследниот директор земаше од 180 до 200 илјади денари плата.“- заврши Костоски.

WebOhrid