На 23.04.2014 година во Охрид на ул.„Стив Наумов” додека Ј.П.(41) од Охрид, седел во своето ПМВ со неговиот шест годишен син, непознато лице кое излегло од ПМВ „Москвич“ со охридски регистарски ознаки, почнало да удира со раце и нозе по возилото, причинувајќи материјална штета, а воедно и чувство на страв кај случајните минувачи. По преземени мерки приведен е Р.У.(38) од Охрид и по целосно расчитување на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.