Деновиве преку социјалните мрежи дознавме дека постои покана за учество во собрание, (селективно споделена), свикано спротивно на правилата од статутот во Федерацијата за планински спортови на Македонија ФПСМ.
На 26-ти април (сабота) претседателот на ФПСМ Јовица Угриновски (со истечен мандат од речиси една година) свикува собрание на кое не се поканети според статутот претставниците на сите 5 спортови на ФПСМ, односно Петте федерации на Спортско качување, Алпинизам, Спелеологија, Ориентација и Планинарство.
Согласно членовите 40, 41 и 42 од статутот на ФПСМ, пречистен текст со бр.01-30/1 од 05.04.2011 година Собранието го сочинуваат по 5 (пет) претставници/делегати од спортовите (планинарство, алпинизам, спелеологија, спортско качување и ориентација) а не претставници/делегати од клубовите како што е наведено во поканата (која повторно ќе Ве потсетиме, селективно е испратена само до некои клубови).
Покрај кршење на статут во свикување на ова нелегитимно собрание, поголемата штета ќе се направи откако ќе се донесе новиот статут во кој се воведува ново раководно тело, претседателство составено од три членови. Се централизира одлучувањет на нај груб и незаконски начин.
Вториот и не помалку битен ден во овие измени во статутот се однесува на создавањето нови комисии со дејност иста како петте постоечки федерации, што претставува обид за паралелизам во тие области.
Преку јавно обраќање до сега се обрати само Македонската Алпинистичка федерација МАФ која бара одлагање на ова нелегитимно собрание и закажување на ново легитимно каде ќе има по двајца претставници од сите пет федерации, што е и статутарно пропишано.
– објавата на МАФ >> http://macf.mk/index.php/2013-03-17-18-13-54/198-2014-04-23-21-30-20
– копија од поканата свикување собрание >> http://macf.mk/macf_docs/pokana_za_sobranie.jpg
Се обидуваме да ја пренесеме веста за јавност да биде запознаена со овој фалсификат.
Ви стојам на располагање за повеќе информации околу ова, иако целосно е опишано заедно со документот за поканата за собранието во објавата на МАФ.