„ВМРО-НП прашува дали официјалниот портал на Општина Охрид кој треба да биде службено гласило на општината свесно некој го претвора во партиски билтен и дали градоначалникот Никола Бакрачески го чита официјалниот сајт и следи што таму се објавува?
Колку и да сме изненадени од поедини соопштенија на Општина Охрид во кои луѓе се нарекуваат со разни ептити недолични за институција, сега гледаме како под насловот ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД СЕ ПОКЛОНА ПРЕД ВЕЛИКАНОТ ХРИСТО УЗУНОВ стојат фотографии само и само од кандидатите за пратеници на ВМРО ДПМНЕ , а никаде ја нема официјаланта делегација на општината ?
Апелираме оваа злоупотреба на порталот на општината во предизборни цели веднаш да прекине, а веста админситраторите да ја повлечат во петок на полноќ за општината да не го прекрши изборниот молк и да не биде дополнително казнувана и финансиски оптоварувана.“– стои во реакцијата на ВМРО-НП Охрид.