Блажески: Граѓаните да размислат уште еднаш дали на оној анимозитет кој што го покажува ДПМНЕ кон Охрид, треба да дадеме амин

ОО на ЛДП Охрид, денес одржа прес конференција на која зборуваше претседателот на партијата Дејан Блажески.

Како претседател на општинскиот огранок на Либерално демократската партија, како советник во Општина Охрид и како човек кој што сака промена на оваа власт, Блажески рече дека има обврска уште еднаш да ги повика граѓаните на Охрид, да одлучат разумно.

„Впрочем секогаш зборувам со факти и ајде да погледнеме само неколку факти пред овој изборен молк. Што придонесе Антонио Милошоски како носител во 5-та избора единица и пратениците кои што се повторно кандидати? Распределбата на средства по општина од Агенцијата за патишта која се врши според одредени критериуми, односно методологии, во кои влегуваат број на возила, број на улици, број на потрошено гориво, број на жители, општина Охрид од овие кои што кажуваат дека гласно ќе се борат за Охрид, е осакатена за околу 2 милиони и 500 илјади евра.“-рече Блажески.

Како што кажа тој, ова го зборувал затоа што по таа методологија општина Охрид треба да добива годишно по 30 милиони денари, односно 20 до 30 милиони денари, општини кои што ги исполнуваат овие критериуми ги добиваат овие пари, тој рече дека општина Охрид во последниве 8 години добива од 7 до 9 милиони денари на годишно ниво.

„Тоа не значи никаква љубов кон градот и само лажно продавање магла од кандидатите за пратеници. И како можеме да им веруваме на луѓе кои што ни тврдеа дека нечии згради тонат, дека од трет спрат ќе стигнат на прв спрат, ќе погледнете тука кај Билјанин извори, зградите се уште тука, не лажеа дека ќе не поплави Езерото, и што уште не. Тие луѓе немаат кредибилитет да бараат повторен мандат, уште повеќе кредибилитет немаат да бараат мандат и новите пратеници на оваа листа, односно господинот Сашо Василевски и господинот Љубен Арнаудов, затоа што здравството не било во покатастрофална состојба никогаш. 20 години се трудиме да го опоравиме ова здравство во Р.Македонија, меѓутоа овие последни 8 години знаеме што се случуваше во болницата во Охрид. Лекарите и пациентите знаат колку беше загреана. Зошто не признаат колу тужби имаат од хирурзите и од анестезиолозите за ненавремено исплатени дежурства? Зошто не кажат немаат стручен кадар кој што знае да управува со апаратите, дури и нестручните го упропастија 4Д апаратот. Зошто не кажат дека компјутерскиот систем кој го воведоа е катастрофален и го зголемува редот и ја отежнува работата на лекарите и пациентите. Господине Сашо Василевски, ова го знаат вашите колеги и вашите пациенти, а вие до утре може да тврдите и да промовирате проект „Ало докторе“. Е сега кога сме кај проектот „Ало докторе“, господине Сашо Василевски сакам да ви го прочитам ова, ваков доктор сте вие, вака сте напишале, цитирам: Од секое дрво не бидува свирче, така и од секој пациент со психијатриски верифицирана дијагноза не бидува политичар. Затоа и бил замолен да не биде на листата, не можел да го помине психолошкиот тест. За жал имаме и такви кои кршат врати по психијатриски оддели и изигруваат политичари. Чудно, но еве кај нас функционира, а ако ве интересира терапијата можеби треба да се порача. Ова е коментар од еден пратеник, од еден потенцијален пратеник, поранешен носител на листата на Социјалистичка партија. Ова е коментар од еден доктор кој што поседува се, само не етика. Не само што клеветел и лажел, за што немам намера да простам, официјално ве известувам дека ќе поднесам, односно поднесена е тужба против Сашо Василески, за кој што се извинувам, но не можам да кажам дека ја исполнува лекарската етика.“– обвини Блажески.

LDP_press2

Заради зачувувањето на нивото на дискусијата тој рече ќе се потруди да не одговори соодветно на она како што кажа вистински требало да се одговори на ваквите луѓе, но вети овде на сите медиуми, дека сите пари од тужбата за клевета и навреда која што била поднесена против Сашо Василевски, ќе бидат донирани во геријатриското одделение, односно како што кажа точно на оние луѓе кои биле болни од мултиплекс склероза, а дел ќе се поделат по медиумите.

„Уште еден доказ за непрофесионалниот однос не само на докторот туку и на неговата сопруга. Кога коментирате психијатриски дијагнози претпоставка е дека ги барате, дека треба да ги добиете од вашата сопруга. Ја докажувам соработката со неговата сопруга, каде што сум вклучен во проект за луѓе болни од мултиплекс склероза и каде што самата Јулијана Василевска, неговата сопруга, има напишано: Дејан има проект за нов лек за мултиплекс, затоа да исконтактираме, кажав дека си во комуникација со некои пациенти кои се помлади, поздрав д-р Јулија. На целата помош, ваквиот дрзок потенцијален пратеник, вака одговара: Ги молам граѓаните, еснафот, колегите, да го осудиме ова, да ги осудиме чуѓето кои 8 години континуирано лажат, да ги осудиме сите оние кои направија катастрофа од болницата, ваквото неетичко однесување, ваквата ниска реторика за која што верувајте ми во моја одбрана се срамам, и сите оние кои што пропаѓаа нечии бизниси од типот дека им тонат зградите и слично. Затоа, повик до граѓаните да размислат уште еднаш дали на оној анимозитет кој што го покажува ДПМНЕ кон Охрид, треба да дадеме амин.“- рече Блажески.

Тој рече, како Блажески Дејан, како советник, како претседател на партија уверува дека има разлика меѓу Тунтев, Цветкоска и Танасоски за разлика од нивните кандидати. 

WebOhrid