Јанкулоска: „Од безбедносен аспект ова се најмирните избори во историјата на Македонија“

Изборниот процес помина без никакви посериозни инциденти, а од безбедносен аспект ова се најмирните избори во историјата на Македонија“, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска на вечерашнава прес конференција во МВР по завршувањето на изборниот процес. Притоа во тој контекст Јанкулоска потенираше – “особено ако се земе предвид фактот дека немало прекин во гласањето на ниту едно избирачко место“.

Министерката Јанкулоска исто така изјави дека вакви избори ретко може да се најдат во земјите од регионот. Според Јанкулоска Министерството за внатрешни работи останува да ја спроведе последната, трета фаза, поврзана со изборите, односно транспортирање на избирачкиот материјал до Државната изборна комисија. За таа цел оперативниот штаб на МВР ќе остане отворен до завршување на транспортот на избирачкиот материјал.