Има голема демократска свест дека охриѓани знаат да го ценат трудот, знаат да ја ценат работата, знааат да ги ценат успешните, во мирни во фер, коректни, во демократски избори, без ниту една забелешка од избирачките места, со записници кои се перфектно чисти, изјави синоќа претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Атанаско Михаилов.
„Изборниот ден заврши без никакви забелешки. Ова е од еден од примерите кога изборните резултати претставуваат и одраз на волјата на граѓаните, посебно на волјата на охриѓани. Ова е резултат на чесното, на посветеното, најискреното работење, работењето кои граѓаните на Охрид знаат да го ценат. Разликата во гласовите ја покажува точно таа вистина. Во моментот иако сите не се преброни, имаме 8000 гласови жразлика на праламентарната листа по однос на СДСМ, а имаме шест и пол илјади гласа разлика за листата за кандидати за пратеници.“ – истакна Михаилов.
Михаилов рече дека тоа покажува дека граѓаните на Охрид се определија, дека ја почитуваат работата на ВМРО-ДПМНЕ, дека ги почитуваат одлуките и работењето на оваа влада.
„Да живее ВМРО-ДПМНЕ и нека Ни е честита победата и успехот на Македонија, заедничкиот успех на сите граѓани на Охрид.“ – рече Михаилов.
WebOhrid/Ангелче Андриоски