Турново го презеде првото место

Денес се одиграа уште три натпревари од 22-то коло од Првата МФЛ. На првото место дојде екипата на Турново со ист број на бодови со Работнички и Вардар, но со подобра гол-разлика.

Гостивар 0:1 Турново

Напредок 1:1 Еуромилк

Шкендија 0:0 Ренова

Турново дојде во водство уште во 8-та минута со голот на Својиќ, што остана и конечен резултат. Еуромилк го отвори резултатот со голот на Јашаровски уште во 4-та минута, а Напредок иако со играч помалку од 56-та минута, сепак успеа да изедначи преку Мојсовски во 90-та минута.

Сите натпревари започнаа со едноминутно молчење со што му се оддаде почит на трагично загинатиот директор на ФФМ Петар Милошевски.

Последниот натпревар од ова 22-ро коло од Првата МФЛ е дуелот помеѓу Пелистер и Македонија ЃП кој ќе се одигра во вторник (18-ти март).

WebOhrid