Одржан првиот Македонски и четвртиот – Јадрански меѓународен конгрес за фармакоекономија и исход од терапија во Охрид

Од 24 до 27 април 2014 година одржан е I-oт Македонски и IV – Јадрански меѓународен конгрес за фармакоекономија и исход од терапија во Охрид, Република Македонија со наслов „Влијанието на здравствената економија врз здравствената политика„ во организација на ИСПОР –Централно источна европска мрежа – регионална соработка за создавање на здравствена регулатива врз основа на докази – Здружение за фармакоекономија и исход од терапија, Скопје и од Секцијата за фармакоекономија и истражување на исход од терпија, Република Хрватска

Улогата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија во ефективноста и рационална употреба на медицината во Република Македонија како и кои се ефикасните политики за рационално користење на ресурсите во Република Македонија е темата на која директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева Змејкова имаше презентација на I-oт Македонски и IV – Јадрански меѓународен конгрес за фармакоекономија и исход од  терапија.
Интегративниот пристап во фармакоекономијата и понатамошно унапредување на регионалната иницијатив и соработка, економски влијанија од паралелен увоз на фармацевтски производи, улогата на здравственото осигурување вo трошок-ефективната употреба на лековите, унапредување на регулативата за генерички и биолошки слични лекови, формирање на цени базирани на меѓународни референтни цени, имплементација на здравствени технологии во нискобуџетните европски земји, здравствено-економски аспекти од индивидуализирана терапија се некои од темите на кои свои презентации и пленарни предавања имаа гости од Данска, Холандија, Велика Британија, Полска, Словачка, Словенија, Шпанија, Грција, Италија, како и предавачи од регионот од Хрватска, Србија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина.
Покрај ФЗОМ, во дискусиите активно учество земаа и претставници од фармацевтскиот сектор од Македонија и Европа и ги разменија искуствата и знаењата од најновите истражувања и искуствата во областа на фармакоекономијата и исходот од терапија.
ФЗОМ како институција е целосно отворен во обезбедување на поголема достапност на здравствените услуги за сите граѓани – осигуреници и во подигнување на квалитетот на здравствените услуги.