ЈП „Охридски Комуналец“ претпразнично го уредува градот

Пред првомајските празници ЈП „Охридски Комуналец” посебен акцент стави на одржувањето на јавната чистота преку хортикултурно уредување на населбите, метење и миење на јавните површини и подигнување на различен вид отпад (пластика, градежен шут и др.).

Како што информираат од претпријатието темелно се расчистени викенд населбите „Даљан„, „Расадник„, „Никола Карев„ и др.

„Стариот дел од градот, кој е првата локација каде се упатуваат туристите, е темелно расчистен и искосена е тревата покрај „Илинденска„, „Климентов Универзитет„ и „Кирил и Методиј„. Канделабрите на градскиот плоштад се украсени со паѓачки сардели, а во наредните денови со сардели ќе се украсат канделабрите по чаршијата и градскиот плоштад.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Оттаму додаваат дека и главната сообраќајница во Охрид-„Булевар Туристичка„ хортикултурно се уредува и трoтоарите се метат.
Денот на трудот „1-ви Мај” вработените од „Јавна хигиена„ ќе го одбележат работно, со темелно расчистување и хортикултурно уредување на сообраќајницата „15-ти Корпус„.