Поезијата на Пере Ристески објавена во словенечко списание за литература

Словенечкото списание за литература, култура и наука „Оточје“ што излегува во Љубљана, во својот 10 број објави поезија од стихозбирката „Во преграб на мигот“ од Пере Ристески. Препевот и преводот на словенски јазик е на Ања Брачич Пешевска.

Списанието, кое повеќе личи на книга, чиј главен и одговорен уредник е познатиот словенечки писател и патеписец Маре Цестник, во својот најнов број објавува и омаж на поети од Балканот и Европа, како што се: Силвана Палети, Иван Добник, Сара Ремжгар, Матеј Крајнц и други; книжевни текстови од повеќе современи Европски автори: Сандро Веидом, Ингрид Мачус, Том Нил, Ник Вовк и други. како и за актуелни културно – општествени теми во Словенија.