Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа „Едукативна работилница за пензиско штедење“

Денеска во просториите на ОУТУ „Ванчо Питошески“, во соработка со НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, како и Министерството за труд и социјална политика и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија – ПИОМ, се одржа „Едукативна работилница за пензиско штедење“ на која присуствуваа учениците од завршните класови во училиштето (IV година).

Учениците се запознаа што значи пензиското осигурување, дали е тоа задолжително или доброволно како и со трите пензиски столба. Човекот заработува додека е млад , а во старост живее од пензија па учениците беа информирани како да ги заштедат своите пари, да заштедат за својата иднина, бидејќи секое патување започнува со планирање, а секој си ја планира својата иднина.