Од денеска почнува летниот период за продажба на алкохол до 21 часот, наместо до 19 часот како што беше досега. Алкохолните пијалоци ќе можат да се купуваат до 21 часот се до крајот на септември.
Останува забраната за продажба на алкохол на бензински пумпи и на малолетници во сите периоди од денот.
За оние кои нема да ги почитуваат законските решенија се предвидени казни „забрана за вршење дејност“, како и парична казна до 5.000 евра.