ВМРО-НП: Благодариме на најхрабрите и најиздржливите гласачи

ОК на ВМРО-НП испрати соопштение во кое изразува благодарност до најхрабрите и најиздржливите гласачи.

„Откако поминаа неколку дена од недемократските и нефер парламентарни избори и откако следеа внатрепартиските анализи, Општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија од Охрид упатува огромна благодарност до најхрабрите и најиздржливите гласачи. Благодарност до 17.000 храбри гласачи во Македонија и 1.500 во Охрид кои издржаа до крај и не подлегнаа на притисоците, заканите, уцените и поткупот од страна на режимот на Груевски.

Сакаме да укажеме дека ВМРО – Народна партија продолжува до крај за уривање на режимот, зачувување на достоинството и одбрана на четирите свети букви ВМРО. До крај, се до последен ќе се бориме овој режим и ова зло да замине од Македонија.“– се вели во соопштението на ВМРО-НП Охрид.