На 30.04.2014 година околу 18,30 часот во Струга, во златарница „Циркон“, три маскирани лица, вооружени со огнено оружје извршиле разбојништво одземајќи разновиден златен накит, при што на излегување испукале неколку куршуми, а потоа се упатиле во непознат правец.
Повредено е лицето Р.К.(42) кој се здобил со повреда од огнено оружје во пределот на ногата. Укажана му е лекарска помош во. „Св. Еразмо” Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.