Исплатени 39 милиони денари на 1.100 лозари од Тиквешијата

Владата и Министерството за финансии помогнаа да се обезбедат финансиски средства во висина од 90 милиони денари во форма на кредит за винарската визба „Повардарие“ за исплата на 2.359 лозари од Тиквешијата за откуп на грозјето за бербата од 2013 година.

Деновиве исплатени се 39 милиони денари на вкупно 1.100 лозари кои имаат договор со оваа винарска визба, а во текот на наредните работни денови ќе се исплаќаат и останатите лозари преку Стопанска банка АД Битола. На овој начин Владата помогна во трајно решавање на проблемот со исплатата на долговите на „Повардарие“ кон лозарите од тиквешкиот регион како Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија.

Лозарот Драги Чомов од Кавадарци изрази благодарност до Владата и до вицепремиерот Зоран Ставрески што несебично помогнаа да се исплатат парите за откупеното грозје во винарската визба „Повардарие“.

„Деновиве во банките се исплаќаат средствата. Мене целосно ми е исплатено белото грозје“, изјави Чомов.