Отворен „Спортски ден“ во Велгошти

Отворена Манифестацијата „Спортски ден“ во Велгошти. Традиционално, по повод 4ти март, роденденот на Тодор Александров, во салата која го носи неговото име во селото Велгошти, се одржува „Спортски ден“.

Настанот има натпреварувачки карактер. На него учествуваат 300 ученици од сите основни училишта од општините Охрид и Дебрца. Учениците се натреваруваат во повеќе дисциплини, а за најдобрите ќе бидат доделени награди.

Манифестацијата „Спортски ден“ за отворена ја прогласи директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски.

„Со гордост истакнувам дека еве веќе трета година со ред како ОУ „Живко Чинго“ е организатор по повод роденденот на Тодор Александров – на оваа спортска манифестација која е карактеризирана и како спортски ден во Велгошти. Во соработка со Сојузот за училишен спорт и Локалната самоуправа овој регионален натпревар во 4 дисциплини – машки и женски е со значение да го подигнеме спортот и спортскиот дух меѓу нашите деца, меѓу нашите ученици. За значението на спортот не треба многу да ви говорам, за него е многу кажано, но само едно ќе ви кажам: „Во овие наши времиња на брзи промени,темпераментни случувања и каде човекот од човек секој ден се отуѓува, секој ден се заборава- спортот е тој што ќе ве сплоти, ќе ве зближи и соедини, спортот е тој што ќе ве излечи од вашите лоши навики, вашите маани и недоследности, спортот е вашиот другар и ваш вистински пријател. Затоа спортувајте и живејте здраво. Со ова порака ја прогласувам манифестацијата за отворена.“ – рече Чингоски.

Спортскиот ден е во организација на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, во соработка со Сојузот на училишен спорт и Локалната самоуправа.

WebOhrid