Плодна работна посета на градоначалникот Бакрачески во Чешка

Чешки искуства за привлекување инвестиции за ски центарот Галичица

Во   рамки на  неколку дневната  работната посета  во   Чешка, градоначалникот Никола Бакрачески беше на  скијачкиот центар Плесивец,  што во моментов е во  изградба, а го изведува италијанската фирма Леитнер. Истиот  е сместен  на  чешко – германската граница  и   е малку помал од предвидениот што ќе се гради  на планината Галичица. На средбата со инвеститорите на чешкиот ски центар и со претставници на локалната самоуправа од градот Карлови Вари, градоначалникот Бакрачески беше  запознаен со  начините за реализација  на оваа инвестиција а се разговараше и за  можностите за пренесување искуства како и за чешката  поддршка што Охрид може да ја очекува  при наоѓање инвеститори  за изградба на ски центарот Галичица.

Градоначалникот Бакрачески со мега интервју за  реномирано чешко списание

Во рамки на престојот во Чешка, градоначалникот Бакрачески ја посети реномираната издавачка куќа “TGT“ од Прага која ги издава популарните чешки списанија  за туризам и бизнис. Мега  интервјуто  на градоначалникот Бакрачески дадено за ова списание  се очекува   на две страни  ексклузивно да   биде објавено во мајското издание. Инаку, во   последното  број   на  овој популарен печатен медиум   на две страни беше објавена  репортажа за Охрид, а фотографија од  охридскиот локалитет “Плаошник“ се најде на неговата  насловна страна.

Се очекува на  онлајн изданието на магазинот  овој месец, неколку пати бесплатно  да бидат објавени  рекламно- промотивни материјали за Охрид  како и банер  од нашиов град  кој континуирано ќе стои еден месец на нивната интернет страна.

Чешка поддршка за реализација на филмскиот проект за Светите Климент и Наум

Покрај другото,  градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на амбасадорот од Македонија во Чешка, Паскал Стојчески, го посети познатото продукциско студио во Прага “Thre Brothers“ и се запознаа со неговите капацитети и можности за снимање. Градоначалникот Бакрачески со  претставници од тамошната локална власт и со менаџерскиот тим на студиото имаше плодни разговори околу продукцијата и снимањето на филмот  посветен на  Светите Климент  и  Наум. Доколку проектот добие  зелено светло од македонското Министерство за култура, продукцијата и снимањето ќе бидат во ова чешко студио а беше најавено и дека  локалната власт од Прага ќе даде сестрана помош и ќе се вклучи на секој можен  начин во реализација на филмскиот проект посветен  на Св. Наум и Св. Климент, следбениците на Кирил и  Методиј кои твореле на охридско тло.   

Инаку, првично во Чешка градоначалникот Бакрачески присуствуваше на 10-та Регионална  конференција на  Организацијата на градови со светско – историско наследство што од 29 април до 2 мај се одржуваше во градот Кутна Хора.

Претставниците од  четириесеттина  европски земји  кои доаѓаа од  градови со специфични  светски важни, културно- историски белези расправаа на теми од областа на  рекламирањето  и развој на претприемништвото  во заштитените  делови од градовите. Учесниците на меѓународната средба   ги изнесуваа своите искуства и проблематики од оваа област и укажуваа на неопходноста од задолжително носење и спроведување на закони и регулативи на локално и државно ниво за рекламирање односно поставување на знаци, тенди, прегради, пречки на патот, чадори, соларни генератори  и друг рекламен материјал  во историските делови на градовите ,согласно препораките на УНЕСКО.

Учеството на оваа важна конференција беше  можност за  размена на искуства со градовите кои веќе ја имплементирале законската регулатива во оваа област. Тие искуства ќе  бидат драгоцени во концептите за одржлив развој, пред се на  културен и алтернативен  туризам зошто Охрид е  дестинација  чие природно и културно наследство се под заштита на УНЕСКО.